Замена на производ
Нашата интернет продавница има политика за враќање/замена на производот, што значи дека, доколку по добивањето на вашиот производ не сте целосно задоволни од големината или квалитетот на вашето купување имате право да побарате враќање/замена.
За да може да го вратите/замените, вашиот производ мора да биде во иста состојба во која сте го добиле, неносен или неискористен (неоштетен, непроменет), со ознаки (етикета) и во неговото оргинално пакување.
За да започнете враќање/замена на производот, најпрво треба да не контактирате за да добиете упатства за тоа каде и како да го вратите/замените производот. Производите што се вратени без претходно барање (контакт) за враќање/замена нема да бидат заменети.
За секое дополнително прашање за враќање/замена на производот, секогаш може да не контактирате на:
- info@detelinka.com
- +389 72 779 400
- Facebook (Messenger)
За да избегнете дополнителни трошоци за враќање/замена на производот ве молиме погледнете го нашиот *ВОДИЧ НА ГОЛЕМИНА, или доколку сеуште не сте сигурни слободно може дополнително да побарате точни димензии за производот.
Иако сите производи пред да бидат испратени се прегледани и проверени од наша страна, Ве молиме секогаш проверувајте ја вашата нарачка по приемот и веднаш без одложување контактирајте со нас ако производот е оштетен при транспорт, сте добиле погрешен производ или сте добиле погрешно бројче, за да можеме да го процениме проблемот и да го исправиме. Трошоците за ваков вид на враќање/замена на производ ги покрива detelinka.com.